Чешка чоколадна торта (РЕЦЕПТ)

Состојки:

За пандишпан:

4 јајца
250 грама шеќер
250 милилитри млеко
250 милилитри слатка павлака
1 лажичка сода-бикарбона
400 грама брашно
100 грама какао

За прелив:

100 грама путер
4 лажици шеќер
100 милилитри млеко
1 лажица какао
За декорација:
500 милилитри слатка павлака

Подготовка:

Во подлабок сад ставете ги јајцата и шеќерот и убаво изматете со миксер. Матете додека не добиете пенеста смеса. Потоа, во изматените јајца додајте ги млекото, слатката павлака и повторно убаво изматете со миксер. На крај додајте ги содата, брашното и какаото и убаво измешајте со лажица.

Вака подготвениот пандишпан печете го во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Откако пандишпанот ќе биде готов, извадете го од рерна и оставете го да се излади. За подготовка на филот, изматете го путерот заедно со млекото, шеќерот и какаото. Изладениот пандишпан исечете го на три еднакви ленти. Ставете го првиот дел од тортата на чинија за филување, а потоа премачкајте ја со дел од филот. Врз филот ставете го и вториот дел од тортата. Додајте го остатокот од филот. На крај ставете го и третиот дел од пандишпанот.

Вака подготвената торта филувајте ја по желба, но најсоодветно би било за декорација да употребите изматена слатка павлака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот