Червар после дебаклот: Време е друг човек да ја води Хрватска!

Фото: EPA-EFE/Anne-Christine Poujoulat/POOL

Разочаран после поразот од Аргентина кој значајно ги намали шансите на Хрватска пласман во четвртфиналето на Светското првенство, селекторот Лино Червар изјави дека ќе го напушти кормилото на националниот тим после шампионатот.

– Ја преземам одговорноста, разочаран сум и многу сум изненаден. Изненаден сум од начинот на кој мојот тим го одигра решавачкиот натпревар на Светското првенство, но јас сум одговорен како селектор. Разочаран сум од пристапот на играта во најважниот натпревар. Не можам повеќе да продолжам со ова, горд сум на сè што направив, но време е некој друг да ја води репрезентацијата. Не сум навикнат вака да губам натпревари.

На Федерацијата е да го пронајде мојот наследник, апелирам да бидете внимателни при изборот, следуваат квалификациите за Олимписките игри – рече Червар пред камерата на „РТЛ“ веднаш по поразот од Аргентинците.

На Хрватска во последното коло од главната фаза ќе мора да оди на победа против Данска во последното коло за пласман во четвртфиналето, но воедно на „коцкестите“ ќе им треба и триумф на Катар против Аргентина.

-Секако дека има шанса и мора да се бориме, не сум се откажал од овој шампионат, но она што го велам се однесува на иднината. Горд сум на сè што направив со националниот тим во изминатите 20 години. Едноставно, за мене како селектор е поразително тимот да одигра ваква игра што е клучна за пласман во четвртфиналето – додаде искусниот стручњак.

Тежок удар за Хрватите, сега и победа над Данска не им гарантира четвртфинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот