Червар оптимист: Ќе бидеме хит на Светското првенство!

Поранешниот македонски селектор и екс тренер на Металург, Лино Червар после вечерашниот тренинг ќе го објави конечниот список на играчи кои ќе патуваат на Светското првенство кое ќе се одржи во Египет од 13 до 31 јануари 2021 година.

Хрватска во Александрија се наоѓа во групата „Ц“ со Јапонија, Катар и Ангола, а првиот натпревар „коцкестите“ ќе го имаат в петок против Јапонците.

Червар пред поаѓањето во Египет е оптимист и верува во големи резултати на својата селекција на Мундијалот доколку неговите играчи бидат прави:

– Ние сме тука да рушиме бариери. Секогаш мислиме на она најдоброто и никогаш не бараме алиби. Зад фудбалот, имаме најголема публика, најбројна публика, и тие знаат дали ние вистински се бориме, нив не можеш да ги измамиш.

Знаеме дека во Египет нема да има многу наши луѓе, уште доколку оправдаме со своето однесување и игра, тогаш не се сомневам дека ќе бидеме хит на СП – рече Червар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот