Червар: Играме селски ракомет, тие, црнците играат попаметно од нас! (ВИДЕО)

фото: твитер

Големото ракометно име Лино Червар, добро познат и на нашата спортска јавност, имаше еден крајно непримерен тајмаут на неговата хрватска репрезентација.

Како подготовка пред настапот на Европското првенство, Хрватите триумфираа над Катар со 33:28, иако после првото полувреме светскиот вицешампион имаше позитива од 17:15.

Претходно Червар изјави дека и покрај тоа што Вардар е актуелен европски шампион, Македонија нема никаква корист од тоа.

Екс тренерот на Металург и поранешен селектор на македонската сениорска репрезентација имаше расистички испад во еден негов тајмаут каде што го изрази неговото незадоволство од играта на неговите ракометари после првите 18. минути игра на паркетот.

– Прекинете да играте селски ракомет. Тие, црнците играат попаметно од нас. Што ја продавате топката? – дел од зборовите во тајмаутот на Червар.

Катарците предводени од еден од најтрофејните шпански тренери на сите времиња, Валеро Ривера, освен што се поранешни светски вицешампиони, тие се и учесници на Олимписките игри во 2016 и четвртфиналисти на СП 2017 година.

На континенталниот собир „коцкастите“ ќе играат во групата А во Грац против селекциите на Белорусија, Црна Гора и Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот