Червар ги посети ракометарите и им посака успех против Австрија (ФОТО)

Ракометарите неколку часа пред клучниот натпревар со Австрија, добија неочекувана поддршка, од селекторот на Хрватска, Лино Червар.

Репрезентацијата на Хрватска која во групната фаза оствари максимални три победи и натпреварите од втората фаза ќе ги игра во Виена. Хрватската експедиција пред утринава пристигна во Виена, а во хотелот беа пречекани од македонските репрезентативци.

Средбата на Червар кој беше селектор на Македонија и го тренираше Металург, со ракометатите беше срдечна, популарниот „Маго ди Умаго“ се изгушка и се подрави сите наши ракометари и притоа им посака успех во вечерашната средба против Австрија.

фото: 24rakomet.mk/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот