Чернобил: Пчелите и по 35 години сè уште се изложени на ризик од зрачење

unsplash

По страшната несреќа што се случи на 26 април 1986 година, во која експлодираше реакторот на нуклеарната централа во Чернобил предизвикувајќи ја наголемата нуклеарна катастрофа во историјата, повеќе од 350.000 луѓе беа евакуирани, со обележана зона од 4.700км2 во Украина и Белорусија.

Unsplash

И покрај сите интервенции во последните 34 години, сè уште постои неизвесност за ефектите од изложеноста на зрачење врз дивиот свет што живее во таа зона. Многу фотографии ја покажуваат нуклеарната пустелија во Чернобил, каде што дивиот свет се бори да преживее или е силно мутиран. Но, голем дел од таа зона е релативно незагаден и дивиот свет успева и покрај отсуството на луѓе, некои видови едноставно повторно се појавија.

Научниците остануваат со поделени мислења околу тоа дали има ефекти врз животинскиот свет што живее во овие контаминирани обласни.

Unsplash

Некои делови имаат многу високо ниво на радијација со што директно влијае на живиот свет. Овие области се претежно покрај она што се нарекува Северна и Западна зона, каде што ветерот ја разнел контаминацијата по несреќата. Сместена на Западната зона, црвената шума со површина од 10км2 околу Чернобил сè уште останува најзагадената област.

unsplash

Кога станува збор за инсектите, новото истражување дава увид во ефектите од дозата на зрачење на ниво на Чернобил врз пчелите од видот Bombus. Користејќи радијација на Универзитетот во Стирлинг, се проучувало влијанието на дозите што биле детектирани во тие зони врз комерцијални колонии на пчели. Научниците ги анализирале пчелите што биле изложени на радијација еден месец.

Избравме пчели од повеќе причини: прво, овие инсекти се основни опрашувачи, така што какви било ефекти може да имаат последици врз екосистемот, второ, постојат студии за влијанието на пестицидите кои покажуваат како реагираат на стрес и трето, тие се користат во рамките на Меѓународниот систем за радиолошка заштита кој поставува упатства за придржување до секоја земја. Сепак, во моментов има малку податоци за тоа како пчелите реагираат на хронично изложување на зрачење“, велат истражувачите.

unsplash

Тие нашле дека изложеноста на зрачење резултира со намалување на бројот на матици произведни од колониите, нивната проценка е дека дошло до намалување од 30% до 45%, во споредба со неекспонираните колонии. Кралиците се важни бидејќи пчелите се годишни, социјално организирани инсекти, што значи дека колониите живеат само една година и само кралицата се размножува со помош на пчелите кои собираат храна и ја одржуваат колонијата. Кралиците од претходната година хибернираат во текот на зимата и на пролет започнуваат нова колонија.

Матиците се круцијални за одржување на овие инсекти. Намалувањето на производството на матицата е чест одговор на стрес и изложеност на инсектициди.

unslash

Истражувањето покажало дека колониите растеле побавно кога биле изложени на зрачење, дури една недела побавно од неизложените колонии. Студијата не пронашла ефект врз функционалноста на колонијата или колку долко индивидуално живееле пчелите.

Овие откритија превидуваат дека во најконтаминираните области во Чернобил веројатно ќе се намали репродукцијата на пчели. Ова има потенцијал негативно да влијае на опрашувањето и целокупната функција на екосистемот во контаминираните зони во Чернобил.

unsplash

Овие нови податоци покажуваат дека има негативни ефекти врз пчелите кои можат да предизвикат долготрајни последици за инсектите. Секако, потребни се понатамошни лабораториски и теренски студии за целосно да се разбере и објасне влијанието од зрачење на места како што е Чернобил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот