Чернобил доби струја, нуклеарката повторно е приклучена на националната мрежа

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко денеска изјави дека нуклеарната централа Чернобил повторно е приклучена на националната електрична мрежа.

Руските сили пред четири дена ја исклучија Чернобил од украинската национална мрежа.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека му дозволило на украинскиот тим пристап до оштетените далноводи во областа околу Чернобил.

Централата, во која во 1986 година се случи најголемата нуклеарна хаварија во светот, сега не е активна, но на нејзиното одржување се вработени околу 200 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот