Черњев: Украина ќе стане членка на НАТО по победата над Русија

Шефот на делегацијата на украинската Рада во Парламентарното собрание на НАТО, Јегор Черњев, смета дека Украина ќе стане членка на НАТО веднаш по победата над Руската Федерација.

– Се надевам дека НАТО ќе може да не прими многу брзо, бидејќи де факто сега многу брзо се усогласуваме со стандардите на НАТО во армијата. Се надевам дека по завршувањето на војната, де факто ќе се претвори во де јуре и ќе станеме членка на НАТО без никаков Акциски план за членство во НАТО и тоа многу брзо, изјави Черњев, пренесе Интерфакс Украина.

Според неговото мислење, станува збор за тоа што ќе се случи по војната, по, како што наведе, победата на Украина, за неговата земја да добие безбедносни гаранции во вид на „чадорот на НАТО”.

– Разбираме дека Русија нема да се смири и дека за три, пет, 10 години, кога повторно ќе ги акумулира своите ресурси, повторно ќе се обиде да окупира или дел од територијата или цела Украина – рече Черњев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот