Чернева: Скопје и Софија се во тензичен период, радикални групи сакаат ескалација на состојбата

„Скопје и Софија се во тензичен период, радикални групи од двете држави сакаат ескалација на состојбата“, вели за Канал 5 Весела Чарнева советничката на поранешниот бугарски Премиер Петков.
„Тоа за жал се случува, ние сме биле сведоци на такви тензии и претходно многу пати, особено кога има избори. Но, не само за избори, има одредени радикални групи од двете страни кои не испуштаат можност за ескалација и затоа е важно билатералните односи да се градат врз основа на доверба“, вели Чернева.
Таа смета дека повлекувањето на бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов од Северна Македонија не помага во оваа ситуација
„Имаме механизам за билатерална координација за избегнување на кризни состојби, кој предвидува двете министерства за надворешни работи и двете амбасади да работат кога има кризни ситуации. Не мислам дека повлекувањето на амбасадорот, макар и привремено е најкорисен чекор“,вели Чернева.
Поради последните случувања со Македонија и Бугарија, собраниската Комисијата за надворешна политика на Бугарија на последната седница едногласно ја усвои Декларацијата што мора да се достави на гласање на пленарна седница.
„Документот „категорично ги осудува актите на насилство и повиците на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистира на преземање систематски мерки од сите институции за откривање и изнесете ги пред лицето на правдата сторителите“. Бугарија ги осудува „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политички простор на РСМ и ги прифаќа како намерно всадување омраза против Бугарија и Бугарите. „Заштита на правата на бугарските граѓани и граѓани со бугарска самосвест во РСМ мора да се гарантира и преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлуката на Четириесет и седмото Народно собрание од 25 јуни 2022 година“, се вели во Декларацијата, што ја објави бугарската агенција БГНЕС, без кратенки и уредничка интервенција.
Бугарската комисија за надворешна политика подготви декларација по нарушените односи со Скопје