Черепналкова – Трајкоска: „Заедно дома“ поттикнува креативно и квалитетно поминато време со децата во услови на пандемија

Поради вонредно настанатата состојба со коронавирусот, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ започна со платформата „Заедно дома“.

Идејата на платформата е да се поттикне креативно и квалитетно поминато време со децата во услови на пандемија.

Јорданка Черепналкова – Трајкоска од „Меѓаши“, за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека дека изолацијата е можност возрасните времето со децата да го искористат на интересен начин, исполнет со креативни и образовни содржини, децата да почувствуваат дека се поддржани, полесно да ги сфатат информациите кои ги слушаат, да се информирани соодветно на нивната возраст но не и преоптоварени со сето она што се случува.

-Сакаме да поттикнеме споделувања на игри, учења, хумор, песни, цртежи, кратки видеа, фотографии. Да покажеме како може да се биде креативен и забавен иако се седи дома, изјави таа.

Черепналкова – Трајковска вели дека ФБ групата ,,Заедно дома“ има цел ова да претставува простор во кој децата, младите, родителите, старателите како и други членови на семејството ќе имаат можност да споделуваат креативни производи кои можат да ги направат дома.

-Дигитализацијата може да им помогне на децата, особено нејзините позитивни карактеристики, не поврзува со оние со кои не можеме да бидеме во контакт. Сега е момент и децата да увидат дека дигиталните апарати не се само за играње, туку и за учење. СОС телефонот во рамките на Меѓаши е служба која постојано работи и е отворен за најмладите кои имаат потреба да се јавуваат во овој период. Тука ги поттикнувам и родителите кои се директно засегнати од ситуацијава да го користат овој метод на помош, додаде Черепналкова – Трајковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот