Чепнгетич триумфира на женскиот маратон во „пеколната“ Доха

фото: IAAF

Рут Чепнгетич од Кенија е победничка на женската маратонска трка  со која стартуваше Светското првенство во атлетика во Доха. Условите за маратонките беа неверојатно тешки, температурата во Доха изнесуваше 32 степени  што придонесе да се откажат дури 28 натпреварувачки од вкупно 68 колку што ја започнаа трката.

На крајот победи, младата 23-годишна Кенијка, која делницата од 42.195 метри ја истрча со време од 2.32:43 часа, додека зад неа завршија фаворитката за титулата, Рос Челимо и Намибијката Хеталија Јоханес.

Покрај Чепнгетич и освојувачките на медалите, вистинска хероина е и 39-годишната Кенијка, Една Киплагат која на крајот заврши на четвртата позиција со што си обезбеди олимписка норма за Игрите во Токио.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот