Чемерикиќ: Реплек понуди бесплатна донација од 50.000 пакувања азитромицин, денес ќе бидат испорачани 2.000 пакувања

Во време на пандемија од КОВИД-19 два лека се актулени во Македонија, па и на светско ниво – едниот е од групата на антималарици, тоа е хидроксихлорокин, а другиот е антибиотик азитромицин.

Гостинка во „Утрински брифин“ на „Слободна ТВ“ беше Маја Чемерикиќ, фармацевт од Реплек, која говереше за достапноста на овие лекови како и тоа во кои случави овие два лека би се употребувале.

-Првиот лек, хидроксихлорокин, не е регистриран во Македонија, но истиот е генерички лек и е достапен во многу држави од различни производители. Кај нас преку интервентен увоз овој антималарик може да се обезбеди и сигурно потребните количини веќе се во клиниките. Другиот лек – азитромицин е долги години во државата.

Реплек фарм е единствен домашен производител на овој антибиотик. Ние понудивме бесплатна донација од 50.000 пакувања и истата е прифатена од Министерството за здравство. Во текот на денешниот ден ќе бидат испорачани 2.000 пакувања, вели Чемерикиќ.

Таа предупреди луѓето да не користат лекарства на своја рака.

-Тука е многу битно и да напоменеме дека предложениот третман со овие два лека ќе биде применуван само во исклучителни случаи при појава на одредени клинички симптоми на заразени од коронавирус, стриктно според утврден протокол за терапија од страна на инфектолозите и останатите специјалисти.

Во ниеден случај ова не смее да се користи на своја рака и граѓаните треба да бидат смирени, здравствените власти итно ги спроведуваат сите активности, за лекарите на Инфективната клиника и сите останати локации да ги имаат двата лека на располагање, изјави Чемерикиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот