Челзи нуди 30 милиони евра плус Кепа за голманот на Атлетико

twitter.com/Betfred

Менаџерот на Лондон, Френк Лампард, не е задоволен од настапите на Кепа и веќе го отстрани Шпанецот од составот.

Челзи испрати понуда за голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, пренесува „Ел Чирингито“.

Според информациите од Шпанија, лондонските „сини“ нудат 30 милиони евра плус нивниот голман Кепа Аризабалага во обидот да го ангажираат словенечкиот голман на Атлетико во своите редови.

Менаџерот на Лондон, Френк Лампард, не е задоволен од настапите на Кепа и одлучи да му даде шанса на Вилфредо Кабајеро.

Во последните четири натпревари на местото на Кепа се наоѓа токму ветеранот Кабајеро.

Но, и Кабаљеро не се покажува како најдобар избор, Аргентинецот прими три голови (0:3) во поразот на првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ на „Стемфорд бриџ“ против Баерн Минхен.

Кепа се пресели во Челзи во 2018 година од Атлетик Билбао за рекордни 80 милиони евра за голман. Според „Трансфермаркт“, Облак е проценет на 100 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот