ЧЕЛЗИ „ГАЗИ“: Кристал Палас немоќен на „Стемфорд бриџ“! (ВИДЕО)

фото/твитер

Денеска во првиот натпревар на саботната програма на 12. коло во Премиер лигата, Челзи дојде до нови три бода откако го совлада Кристал Палас со 2:0 (0:0).

На „Стемфорд бриџ“ после првото полувреме мируваа мрежите, но во второто домаќините ја оправдаа фаворитската улога. Во 52. минута водство донесе Абрахам после една убава акција на Челзи, а овој рутински ја затресе мрежата на Гуаита.

Конечниот епилог беше поставен во 79. минута, Пулишиќ кој на еден убав начин искористи една одбиена топка за радост на трибините.

Лондонските „сини“ ја забележаа и шестата победа по ред во најсилната англиска фудбалска лига. За првпат имаат ваков учинок од мај 2017 година кога клубот беше предводен од Антионио Конте во нивната последна освоена премиерлигашка титула.

Играчите на менаџерот Френк Лампард моментно се наоѓаат на второто место со 26 бодови, пет помалку зад водечкиот Ливерпул кој својот меч ќе го има в недела на домашен терен против третопласираниот Манчестер сити (25).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот