Челзи 150 пати ги прекрши правилата за трансфери!

twitter.com/goal

Во последните 10 години, Челзи вкупно 150 пати ги прекрши правилата за трансфер во кои биле вклучени 69 играчи од различна возраст во клупската академија, пренесува британскиот „Телеграф“.

Лондонскиот тим затоа е казнет со забрана за трансфер ова лето и во јануари. Во април екипата од „Стемфорд Бриџ“ се жалеше на казната, повикувајќи се на аргументот дека нерегистрираните играчи внимателно биле следени, меѓу нив и еден играч за три години кој одигра 75 натпревари.

Од клубот исто така истакнаа дека натпреварите помеѓу академиите не се турнири под покровителство на националните здруженија. ФИФА утврди дека доказите на Челзи се неубедливи и ја потврди забраната за трансфери, како и паричната казна од 600.000 илјади швајцарски франци.

Челзи ова лето не купи никој поради забраната за трансфери, но врати неколку талентирани деца во тимот. Предводени од менаџерот Френк Лампард, моментно се на четвртото место по 10 кола освојувајќи 20 бодови.

Следниот натпревар „сините“ ќе го одиграат против Ватфорд на 2 ноември (сабота), а мечот ќе започне од 18.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот