Челси жртвува шестмина за да дојде до потписот со Хаверц

twitter/Juventus News - Juvefc.com

Баерн Минхен по купувањето на Лерој Сане се откажа од играчот на Баер Леверкузен, Каи Хаверц, и сега главен фаворит за неговите услуги е Челси.
„Сините“ во неколку наврати преку менаџерот Френк Лампард потврдија дека се заинтересирани за 21-годишниот фудбалер,а во исто време се свесни дека тој ќе би чини вистинско богатство.

Хаверц кој сезонава ја заврши со 17 гола и девет асистенции има договор со Баер до 2022 година, а управата го проценува германскиот репрезентативец на најмалку 80 милиони евра.

За да дојде до парите кои се потребни да се плати обесштетувањето Челси ќе мора да продава бидејќи досега потроши 100 милиони евра на ангажман на Хаким Зијех и на Тимо Вернер, додека на листата на желби се наоѓа и прескапиот дефанзивец на Лестер, Бен Чилвел.

Планот на управата на „сините“ според весникот „Експрес“ е дури шест играчи да бидат продадени за да се обезбедат парите за купување на Хаверц.
Челси веќе започна преговори со Интер за продажба на Емерсон Палмиери за кого се очекува да заработат околу 40 милиони евра, а исто така се очекува во летниот преоден рок да си заминат и Бакајоко, Микел Алонсо, Мичу Бачуаи, Кенеди и Дринквотер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот