Челси се лизна на гостувањето кај Вест Хем (ВИДЕО)

EPA-EFE/Julian Finney

Во лондонското дерби славеа „чеканите“ со 3:2 и ја направија максимално неизвесна трката за пласман во Лигата на шампионите.

Вест Хем благодарение на голот на Андриј Јармоленко во 89. минута оствари голема победа над Челси и направи голем чекор кон опстанокот во Премиер лигата.

Од друга страна, Челси со поразот остана на четвртото место на табелата со 54. бода по 32. коло и сега има само два бода предност пред Манчестер јунајтед во трката за последното место кое носи пласман во Лигата на шампионите.

Во првото полувреме немаше премногу интересни детали се до последните пет минути кога паднаа два гола. Во 41. минута по прекршокот над Кристијан Пулишиќ во противничкиот шеснаесетник, Вилијан успешно го реализира пеналот. Фудбалетите на Вест Хем брзо се созедоа и преку Соучек дојдоа до израмнување.

Во второто полувреме „чеканите“ успеаја да направат пресврт и поведоа со 2:1 и тоа благодарение на голот на Антонио во 51. минута.
Сепак, фудбалерите не се предадоа и благодарение на Вилијан со прекрасен удар од слободен удар изамни на 2:2. Голо9т вреден три бода го постигна Јармоленко во 89. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот