Челси прокоцка триумф против Арсенал, Сити го слави Агуеро (ВИДЕО)
Драматичното лондонско дерби помеѓу Челси и Арсенал заврши без победник.
Во дербито на 24. коло на Премиер лигата, Челси на „Стемфорд бриџ“ не успеа да ја искористи предноста од играч повеќе. Арсенал успеа да освои голем бод бидејќи успеа да постигне два гола со играч помалку.
Жоргињо донесе предност за Челси, но Мартинели во 63. минута успеа да го искорсти киксот на Канте и да израмни на 1:1. Во финишот, Челси во 84. минута Азпиликуета донесе предност од 2:1, но радоста на „сините“ траеше само три минути, кога Белерин донесе бод.
Актуелниот шампион Манчестер сити успеа да слави на гостувањето кај Шефилд јунајтед благодарение на голот на Серхио Агуеро во 73. минута.
Најголем трагичар во 24. коло во Премиер лигата е екипата на Евертон која до 94. минута имаше водство од 2:0 против Њукасл но на крајот остана без победата. Главен виновник за тоа е Лежун кој постигна два гола во 94. и 95 минута.
Резултати:
Астон Вила – Ватфорд 2:1
Борнмут – Брајтон 3:1
Кристал Палас – Саутемптон 0:2
Евертон – Њукасл 2:2
Шефилд – Манчестер сити 0:1
Челси – Арсенал 2:2