Челси продава 15 играчи, Покетино реши да го врати Жоао Феликс во Атлетико Мадрид

фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс следната сезона нема да игра за Челси, откако новиот менаџер на лондонскиот клуб Маурисио Покетино одлучи да го врати португалскиот фудбалер во Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

На почетокот на годината, Феликс пристигна од Атлетико во Челси на позајмица до крајот на сезоната. Раководството на „Сините“ имаше опција за откупување на договорот, но Покетино ја отфрли можноста за продолжување на соработката со португалскиот фудбалер, кој постигна четири гола на 20 натпревари за англискиот клуб.

Феликс ја започна својата кариера во тимот на Бенфика, а во Атлетико се пресели во 2019 година. Тој има договор со мадридскиот клуб до јуни 2027 година.

– Вистината е дека не можам да кажам каков е планот со Жоао. Новиот тренер не го сака во Челси. Тој ќе се врати во Мадрид, ништо не сме планирале – изјави претседателот на Атлетико, Енрике Серезо.

Британските медиуми пренесуваат дека Покетино почнал со реконструкција на Челси, кој сезоната во Премиер лигата ја заврши на 12 место на табелата.

Аргентинскиот стручњак сака во летниот преоден рок да ангажира квалитетен голман, играч за врска и напаѓач, а планира да се откаже од најмалку 15 играчи за кои верува дека ќе добие околу 320 милиони евра.

Покрај Жоао Феликс, Челси нема да смета ниту на Кристијан Пулишиќ, Матео Ковачиќ, Едуар Менди, Хаким Зијеш, Н’Голо Канте, Калиду Кулибали, Пјер-Емерик Обамејанг, Сесар Аспиликуета, Денис Закарија, Калум Хадсон-Одои, Мејсон Маунт, Конор Галагер, Трево Чалоба и Рубен Лофтус-Чик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот