Челси одби ова лето да го донесе Донарума на „Стемфорд бриџ“

Џанлуиџи Донарума наместо во Челси, заврши во ПСЖ/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Актуелниот европски шампион Челси изминатото лето имаше можност да го донесе голманот на Милан и на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, но одлучија да му веруваат на сегашниот голман Едуард Менди.

Најдобриот играч на Европското првенство му бил понуден на Челси кога си заминуваше од Милан и тоа со можност на „Стемфорд бриџ“ да пристигне како слободен играч, но управата на англискиот тим ја одбила понудата.

Причината за ваквиот потег на управата е таа што му веруваат на првиот голман Едуард Менди.

Оваа вест ја објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо и тоа откако Менди имаше фантастичен натпревар вчера против Брентфорд. Менди имаше четири фантастични одбрани со кои ја зачува мрежата на својот тим.

Видео на денот