Челси не запира, на лето доаѓа Халанд или човекот кој еднаш ги предаде

Белгиецот во новата сезона има големи амбиции со Челси/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

„Сините“ минатото лето потрошија 250 милиони евра за засилувања, но планираат да трошат и ова лето.

Главна цел во летниот преоден рок за менаџерот Томас Тухел ќе биде ангажирање на елитен напаѓач бидејќи Тимо Вернер оваа сезона не ги оправда очекувањата, додека Тами Абрахам е далеку од посакуваната форма.
Затоа, прва мета во летниот преоден рок ќе биде играчот на Борусија Менхенгладбах, Ерлинг Халанд, но „сините“ имаат и план Б бидејќи се шпекулира дека Норвежанецот сака да игра само со Шпанија,.
Затоа, британските медиуми пишуваат дека Челси ќе се обиде да го врати Ромелу Лукаку кој игра фантастично во дресот на Интер.
Лукаку од 2011 до 2013 година го носеше дресот на Челси, но тогаш беше премлад и не можеше да се избори за минутажа покрај Дидие Дрогба. Одигра само 15 натпревари и потоа играше за Евертон, ВБА и Манчестер јунајтед, пред да потпише за Интер.
Интересно е што пред да премине во Јунајтед, Лукаку имаше подобра понуда да се врати во Челси. Речиси се беше договорено, но во последен момент ја смени одлуката и потпиша за Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот