Челси на германски погон, „сините“ заинтересирани за уште двајца репрезентативци на „панцирите“

Френк Лампард веќе успеа да го донесе Тимо Вернер, договорен е трансферот и на Каи Хаверц, а сега тргна по голманот на Барселона и дефанзивецот на Аталанта.

Во Челси од наредната сезона се чини дека ќе се зборува германски јазик бидејќи лесно може да се случи да има дури четворица репрезентативци на „панцирите“.

Тимо Вернер веќе е член на Челси, трансферот на Каи Хаверц е договорен но се чека Баер Леверкузен да ја доигра сезоната во Лигата на Еврopa, за младиот фудбалер да се пресели на „Стемфорд бриџ“, а сега медиумите најавуваат трансфер на уште двајца германски репрезентативци.

ПАДНА ДОГОВОР: Челси уште сега е победник на преодниот рок, Хаверц доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Според каталонскиот „Мундо Депортиво“, голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген е на радарот на Челси. Лампард не е задоволен од најскапиот голман Кепа Аризабалага и веќе во завршницата го замени со Вили Кабаљеро, што е знак дека Шпанецот нема иднина во Челси.

„Сините“ се поврзуваа со неколку голмани, Хендерсон, Онана, Форсер и Ник Поуп, но „Мундо Депортиво“ тврди дека е остварен контакт со Барселона и планираат да понудат засега  непозната сума на пари и Кепа во замена за Тер Штеген.
Договорот на Тер Штеген истекува во 2022 година и германскиот репрезентативец најави дека сака да остане во Барселона, но доколку Челси го направи најдоброплатен голман, тогаш трансферот не е нереален.

Последната коцкичка во мозаикот на Челси за наредната сезона е засилување во одбраната и најверојатно повторно тоа ќе биде германски репрезентативец. Големата желба на Лампард на левата бековска позиција е Бен Чилвел, но Лестер бара премногу пари, па поради тоа „сините“ ќе тропнат на вратата на Аталанта.

Челси подготвува понуда тешка 35 милиони евра за одличниот германски репрезентативец Робин Госенс кој сезонава постигна девет гола за Аталанта во Серија А и еден во ЛШ, а има и десет асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот