27.8 C
Скопје

Челси му се реваншира на Лестер за поразот во ФА Купот и го остави да виси за ЛШ

Фудбалерите на Челси го совладаа Лестер во дербито на 37 коло од Премиер лигата со 2:1 и направија голема исчекор кон обезбедување на пласман воЛигата на шампионите. Од друга страна, поразот за Лестер значи дека тие не ја држат судбината во своите раце кога станува збор за ЛШ.

Челси пред последното коло во кое ќе и гостува на Астон Вила влегува како третопласиран со 67 бодови, додека Лестер е четврти со еден бод помалку но го очекува дуел со Тотенхем.
Ниту победа на Лестер не му гарантира дека ќе остане на четвртото место бидејќи Ливерпул кој има 63 бода и натпревар помалку, доколку слави на двете средби против Барнли и Кристал Палас, би се израмнил со „лисиците“ по што ќе одлучува гол разликата. Лестер моментно има +20 додека Ливерпул кој има и натпревар помалку има +21.

Челси до победата дојде во второто полувреме со головите на Антонио Ридигер и на Жоржињо, додека Лестр преку Ихеначо само го намали резултатот.
Претходно, шампионот Манчестер сити загуби од Брајтон со 3:2 иако водеше со 0:2 со головите на Гундоган и Фоден. Сепак, Брајтон успеа да дојде до неверојатен пресврт благодарение на Тросард, Вебстер и Бурн кои го совладаа Едерсон.

Поврзани вести

Меси мора да ја заврши кариерата во Барселона

Слободен печат

Фудбалерите од Букурешт се преселија во Амстердам

Слободен печат

Крај на кариерата за Данецот, Ериксен е опериран

Слободен печат

Тага во Торино, почина човекот кој го направи Јувентус фудбалски гигант

Слободен печат

Што не очекува денеска на Евро 2020: Хрватска оди на сè или ништо

Слободен печат

УЕФА размислува да им го одземе финалето на ЕП на Англичаните

Слободен печат

Остави Коментар