Челси конечно си најде тренер

EPA/WILL OLIVER

Челси на крајот од сезоната остана без тренер откако Маурицио Сари се врати во Италија и го презеде Јувентус. „Сините“ не ја бараа неговата замена долго, бидејќи новинарот на „Газета дело Спорт“, Никола Скира тврди дека Френк Лампард ќе биде новиот тренер на Челси.

Легендарниот фудбалер на Челси ќе потпише тригодишен договор, а газдата на клубот, Роман Абрамович му ветил дека во првите две години, работата му е сигурна без разлика на пласманот на екипата.

Официјалната презентација на Лампард ќе се случи откако тој ќе го раскине договорот со Дерби Каунти кој пак на негово место сака да донесе уште една легенда на Челси, Џон Тери.

Освен Лампард, на „Стемфорд бриџ“ се очекува да се вратат уште неколку негови соиграчи, Петр Чех би требало да добие директорска функција, додека како дел од стручниот штаб би требало да биде и Дидие Дрогба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот