Челси ќе биде уште посилен, ќе ја засилува и одбраната со дефанзивец од Ла Лига

Кунде е пред трансфер во Челси/EPA-EFE/Franck Fife

Актуелниот европски шампион Челси најверојанто не го заврши летниот преоден рок и менаџерот Томас Тухел се поизвесно е дека ќе добие ново екстра засилување.

По ангажманот на Ромелу Лукаку кој во првиот натпревар за „сините“ се запиша во листата на стрелци, според англиските медиуми Челси е подготвен да плати 75 милиони евра за дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде.

Новиот француски репрезентативец одигра две одлични сезони за Севиља по доаѓањето од Бордо со што го сврте вниманието на европските гиганти. Покрај Челси, сериозен интерес за Кунде пријавуваат и Барселона и Реал Мадрид, но според медиумите во Англија „сините“ се фаворити во трката за потписот со Кунде бидејќи каталонскиот тим поради лошатата финансиска состојба нема пари, додека „кралевите“ планираат во последните денови од преодниот рок да го реализираат трансферот на Килијан Мбапе.

Тухел во последните денови од преодниот рок ќе се обиде да го засили и средниот ред и тоа со играчот од Атлетико Мадрид, Саул Нигез кој падна во втор план кај Диего Симеоне по доаѓањето на Родриго де Паул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот