Челси и Јунајтед сигурни, Лестер шокиран пред своите гледачи (ВИДЕО)

twitter/Premier League

Второпласираниот тим во Премиер лигата полека го губи здивот и загуби од Саутемптон.

Екипата на Лестер по одличниот старт на сезоната, полека почнува да го губи здивот и денеска во 22. коло од Премиер лигата го доживеа третиот пораз во последните пет натпревари. На „Кинг Пауер“ стадионот Лестер загуби со 1:2 од Саутемптон кој пак дојде до четвртата победа во последните пет натпревари.

Лестер поведе со голот на Прат во 14. минута, но тоа беше се што стори домашниот тим. Во продолжението од средбата доминараа гостите, тие само пет минути подоцна преку Армстронг израмните, победничкиот гол го постигнаа преку Дени Ингс во 81 минута.

Челси благодарение на головите на Жоржињо, Абрахам и Хадсон-Одои релативно лесно со 3:0 го совлада Барнли.


Убелдив настап пред своите гледачи имаше и Манчестер јунајтед кој со 4:0 го победи последнопласираниот Норич. Голеадата на „Олд трафорд“ ја отвори Маркус Рашфорд со 27. минута, а истиот играч во 52. минута го зголеми водството. Останатите два гола беа дело на Ентоан Марсијал и на Мејсон Гринвуд.


Арсенал ремеизира на гостувањето кај Кристал Палас играјќи 1:1, додека Евертон по доаѓањето на Карло Анчелоти игра како прероден и славеше со 1:0 против Брајтон, додека Вулверхемптон и Њукасл ги поделија бодовите играјќи 1:1.

На останатите натпревари Евертон го победи Брајтон со 1-0, Лестер загуби од Саутемптон со 1-2, а Вулверхемптон одигра 1-1 против Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот