Челниците на АА решаваат за влегување во власта, Таравари вели – сѐ уште нема понуда од Ковачевски

Претседателството на Алијанса за Албанците во седиштето во Тетово ја започна најавената средба по одлуката минатиот викенд на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим за учеството на партијата во Владата. Од 17 часот заседава ова партиско тело што треба да одлучи за тоа кој ќе учествува во тимот за преговори со Владата.
Претседателот на партијата, Арбен Таравари, пред почетокот на седницата кратко најави дека ќе се формира тим за преговарање но претходно ќе ги слушне ставовите на членовите на претседателството.
–Да разговараме, прво да се видиме, да разговараме. Прво да ги слушнам сопартијците, рече Таравари.
Тој потврди дека вечерва ќе се формира преговарачки тим, иако конкретна понуда од Ковачевски нема.
– Нема понуда. Да, ќе формирaме преговарачки тим – рече тој.