„Челичната принцеза“ на Путин ни крива ни должна се нашла среде порно-скандал
Поранешната јавна обвинителка на Автономната покраина Крим и сегашна заменичка на претседателот на Одборот за меѓународни односи на руската дума, Наталија Поклонскаја, ни крива ни должна се нашла среде секс-скандал бидејќи на интернет почнале да кружат снимки од пред неколку години на кои жена ужива во „жежок“ секс.
Снимката се појавила на порно-сајтовите и прикажува непознат маж со девојка која е наводно Поклонскаја. Многу брзо станало јасно дека не се работи за Наталија, туку за порно глумица која многу личи на неа.
39-годишната украинска политичарка кога била државен обвинител на Крим го добила прекарот „челичната принцеза на Путин“. Кога во рускиот парламент се гласало за подигнување на старосната граница за заминување во пензија од 55 на 63 години, Наталија била единствена која во целиот парламент гласала против.