Челичната Лаура Ковеси: Заведе ред во Романија и покрај заканите и притисоците, а сега има моќ да ги гони европските лидери

Се проценува дека само измамите со ДДВ ги чинат националните благајни околу 50 милијарди евра годишно. Ковеси ќе ја води организацијата од Лукембург, со помош на обвинител од секоја земја членка, иако истрагите ќе ги водат посебни обвинители во државите членки.

Лаура Кодрута Ковеси со години се бореше против корумпираните функционери во Романија. Таа како директорка на агенцијата за борба против корупцијата ги гонеше министрите и градоначалниците.

Ковеси беше популарна во многу влади – но не и во својата, која се зарече дека ќе направи се за да ја блокира нејзината успешна кампања да стане вистински европски обвинител. 18 месеци подоцна таа романска влада падна, а Ковеси се подготвува за покренување на Европското јавно обвинителство (ЕППО), прво тело на ЕУ кое ќе се занимава со криминални истраги.

Новата канцеларија ќе резултира со повеќе истраги и повеќе кривични гонења, како и со посилна одбрана на владеењето на правото во ЕУ, рече Ковеси во интервју.„Нашето мерило за успех ќе биде довербата од граѓаните во нашата институција“, рече популарната адвокатка, пишува Гардијан.

ЕППО, идеја која трае 25 години, треба да овозможи ЕУ да поднесе случаи против осомничените за измами кои вклучуваат европски фондови и прекугранични злоупотреби на ДДВ пред националнтие кривични судови.

Се проценува дека само измамите со ДДВ ги чинат националните благајни околу 50 милијарди евра годишно. Ковеси ќе ја води организацијата од Лукембург, со помош на обвинител од секоја земја членка, иако истрагите ќе ги водат посебни обвинители во државите членки.

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Официјални лица од ЕУ долго беа загрижени зошто националните влади не им даваат приоритет на прекуграничните злосторства и обидите за кражба од буџетот на ЕУ, зошто случаите често се сложени и бараат познавање на јазиците и соработка со други полициски сили.

Прочитајте и...  Во Африка над 1.44 милиони заразени со Ковид-19

Канцеларијата на ЕУ за борба против измамите, Олаф, ги истражува административните прекршоци, но случаите може да ги проследи само на националната полиција. Само половина од тие случаи завршуваат со покренување обвинение.

Ковеси, која очекува ЕППО да прими повеќе од 3.000 случаи, се бори за зголемување на буџетот на агенцијата, кој е предложен на 37,7 милиони евра. Функционери од ЕУ тврдат дека тие средства, веќе еднаш зголемени, се доволни за првата година и се надеваат дека организацијата ќе биде подготвена да почне со работа – како што е планирано – подоцна во 2020 година.

Нејзиниот најголем проблем би можел да биде одлуката на пет држави членки на ЕУ – Данска, Ирска, Унгарија, Полска и Шведска – да не се приклучат кон оваа агенција. Во обид да ја убедат Унгарија, каде пријателите и семејството на премиерот Виктор Орбан освоија доходовни договори кои ги финансира ЕУ, функционери од ЕУ се обидоа да ја поврзат распределбата на средства на ЕУ со владеењето на законот. Унгарија и тоа го одби.

Очекувањата на Ковеси се големи. Семејствата на убиените истражувачки новинари Дафне Каруана Галиција и Јан Куцијак му пишуваа на Советот на министри на ЕУ, опишувајќи ја како „најхрабра и наугледна кандидатка за работата“.

Прочитајте и...  Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација
Протести во Словачка поради убиството на новинарот Јан Куцијак

Ковеси, велат тие, е од истиот калап како Галиција и Куцијак, кои целеа на корупција на високите места. Осврнувајќи се на тие очекувања, Ковеси рече: „Иста личност сум како во минатата позиција, така што ќе дадам се од себе… и нема да бидам сама“.

Ковеси имала 15 години кога падна комунизмот во Романија во 1989 година. Играла кошарка за својата земја на јуниорските европски првенства во август 1989 во Темишвар, градот кој неколку месеци подоцна ќе стане родното место на романската револуција.

Најмалку 10 демонстранти се убиени во бруталната пресметка во градот, вклучувајќи и млади луѓе.

Правен факултет запишала во 1991 година, а бидејќи и татко ѝ бил обвинител, се одлучила да специјализира кривично право.

На 33 години била најмладата јавна обвинителка во Романија.

Во 2013 година станува шефица на Агенцијата за борба против корупцијата ДНА, каде благодарение на бестрашната борба стана херој на демократските кампањи. Во една анкета, 60 проценти рекле да веруваат во ДНА,додека само 11 му верувале на парламентот. Поради својата работа станала мета на шпиони, кибер-шпионажа и напади во медиумите.

Тоа не беше лесно, посебно за моето семејство, но кога одлучувате да работите како обвинител, мора да ги преземете сите ризици кои доаѓаат со таа позиција, рече таа.

Прочитајте и...  Заев и Борисов телефонски разговараа за соработка меѓу двете земји

По повеќе од 5 години во ДНА, каде го надгледувала кривичното гонење на поранешниот премиер, отпуштена е по налог на министерот за правда во јули 2018 година. Беше тоа година на масовни улични протести и предупредувања дека владата отстапила од демократскиот пат.

Фото: Профимедиа

Ковеси, која повеќе не сака да ја коментира националната политика, рече дека ДНА се уште има храбри обвинители, но дека се надева новата влада да го промени законот од 2018 година, кој е широко критикуван поради слабеењето на правосудната независност и борбата против корупцијата.

Откако Романија се приклучи во ЕУ во 2007 година, некои влади на ЕУ се жалеа дека земјата е преполна со корупција и прерано примена во европскиот блок.

Ковеси има поинаква перспектива, тврдејќи дека борбата против корупцијата суштински се променила кога Романија се приклучи кон ЕУ.

Сега таа ќе го стави истиот фокус на борбата против корупцијата во 22 земји.

На прашањето дали ќе се двоуми кривично да гони некој лидер од ЕУ осомничен за злоупотреба на средствата на ЕУ, одговори: „Секако дека ќе дејствуваме…ЕППО ќе биде независно обвинителство и ќе докажеме дека законот е еднаков за сите“, рече таа.

 

Прочитај повеќе

Кралот на Јордан го распушти Домот на пратеници и нареди да се одржат избори

Слободен печат

„Ако биде потребно ќе бидат повикани резервистите“: Што точно значи воена состојба?

Слободен печат

Лукашенко му возврати на Макрон: Тој требаше да даде оставка пред две години

Слободен печат

Кој е подготвен за судирот меѓу Азербејџан и Ерменија – Едната страна има драстично повеќе војници

Слободен печат

Макрон: Хезболах да разјасни дали е партија или милиција

Слободен печат

Помпео вечерва во посета на Грција, разговарал со Столтенберг за тензиите во источниот Медитеран

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Света е наш претседател”: Повеќе од 100.000 демонстранти на улиците во Белорусија

Фамилија шеташе на островот Хвар, а набргу ги потопи бран (ВИДЕО)

Слободен печат

Во напад во Нигерија се убиени 18 луѓе, одговорноста ја презема Исламска држава

Слободен печат

Заев и Борисов телефонски разговараа за соработка меѓу двете земји

Слободен печат

Трамп: Бајден треба да се тестира за дрога пред дебатата

Слободен печат

Деми Мур се уште влече трауми од „валканите нешта“ на кои ја принудувал поранешниот сопруг Ештон Кучер

Слободен печат