ЧЕКОР ПО ЧЕКОР: Природно обоени тиркизни велигденски јајца

Фото Профимедиа

Природните бои за јајца во последниве години се сè попопуларни, особено поради тоа што се подигнува свесноста околу токсичните состојки во индустриските бои со сомнително потекло.

За да бидете сигурни дека нема да се изложувате на опасност за време на Велигден, ви предлагаме да ги вапсувајте јајцата со природни бои. За потенцијалните опасности од индустриските бои веќе пишувавме тука, особено за сината.

Факт е дена таа боја е многу декоративна, но сината боја од кесичка не се препорачува за користење пречесто бидејќи содржи Е 132, кој е поврзан за можните алергии.

Со помош на боја од црвена зелка, можете да добиете повеќе нијанси на сина, од бледа, преку тиркизна, па до индиго, во зависност од тоа колку долго ги оставате во бојата.

Една цела поголема црвена зелка исецкајте ја како за салата. Јајцата треба претходно да бидат тврдо сварени.

Исецканата зелка ставете ја во длабоко тенџере. Додадете доволно вода колку да ја покрие, а потоа оставете да се вари на висока температура. Откако ќе почне да врие, намалете ја температурата на половина и оставете да „крчка“ уште еден час. Кога течноста ќе биде млака, исцедете ја и ставете ја во сад настрана. Додадете четири лажици бел оцет. Потоа спуштете ги јајцата внатре.

Држете ги толку долго колку што сакате да биде интензивна бојата. За поинтензивна боја може да ви требаат и по неколку часа.

Нека не ве буни виолетовата боја на течноста, на јајцата ќе се „фати“ сина. За индиго нијанса можете да оставите неколку јајца во течноста преку ноќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот