Чекор напред за македонското таеквондо: „Скопје опен“ прераснува во Г1 турнир!

Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT

Денес пристигнаа одлични вести за македонското такевондо. Меѓународниот турнир „Скопје опен“ од 2023 година прераснува во Г1 турнир кој ќе носи бодови за олимписките игри во Париз.

Информацијата беше потврдена на официјалната страна на македонската таеквондо федерација.

„Светскиот таеквондо календар покажува дека 8ми и 9ти Април 2023 година во Скопје ќе присуствува елитата на таеквондо спортот во светот, која ќе освојува бодови за олимписките игри во Париз. Традиционалниот меѓународен таеквондо турнир Скопје ОПЕН од 2023 година прераснува во Г1 турнир кој носи бодови за освојување олимписка норма За прв пат македонската спортска јавност ќе може во живо да ужива во борбите на олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски, европскиот медалист Филип Додевски и останатите успешни македонски таеквондисти“, потврдија од македонската таеквондо федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот