Чејку: Ако до декември нема добри вести за евроинтеграциите, во Северна Македонија се можни предвремени избори на пролет

Арбен Чејку
Арбен Чејку / Фото: МИА

Поранешниот албански амбасадор во Скопје, Арбен Чејку, оценува дека доколку до декември нема позитивен развој на евроинтеграциското прашање, не е исклучено на пролет во Северна Македонија да има предвремени парламентарни избори.

– Доколку се случи Заев да не добие добри вести до декември по прашањето за евроинтеграцијата, не се исклучува дека Северна Македонија ќе оди на предвремени избори следната пролет. Просторот што го остави Европската Унија, направи првпат во историјата левичарско движење во Северна Македонија да биде одлучувачко на изборите и да доведе до слабеење на СДСМ. Левица, партија која ја има реториката на идеите на Маркс и Ленин, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, предизвикаа земјотрес во СДСМ, изјави Чејку гостувајќи во емисијата „Реална приказна” на Њуз 24.

Чејку и со став дека ВМРО е „отворена закана за Владата на Заев”.

– И покрај проблемите што ги имаше за време на владеењето, ВМРО е важен фактор. Како политичка сила ВМРО е отворена закана за Владата на Заев. ВМРО е членка на ЕПП, има Си-Ви на владеење и покрај тоа што не сакаше да го потпише договорот со Грција. Не верувам дека Груевски ќе се врати, туку дека ВМРО е таму и подготвено да ја преземе власта, вели Чејку.

Според него, во изборната кампања за локалните избори немало националистичка реторика и имало локални дебати, што е за поздравување.

– Во однос на судбината на Заев, тој јавно поднесе оставка во недостиг на комуникација со ДУИ. Од друга страна имаме и конфузија во меѓународниот фактор. Видов реакција на американскиот Стејт департмент, која не е кажува ништо јасно, вели Чејку.

Извор: МИА

Османи за Њуз 24: На земјата не ѝ се потребни предвремени избори

Видео на денот