Чех претепан во Приштина поради скандирање “Косово е Србија“

Фото: Архива СП

Селекцијата на Косово е пријатно изненадување во квалификациите за ЕП 2020, вчера со 2:1 ја совладаа Чешка , но натпреварот имаше и трето полувреме во кое најдебелиот крај го извлече еден начивач на Чешка.

Неголку фанови на Косово во Приштина го пресретнале навивачот на Чешка кој извикувал „Косово е Србија“, го претепале и избегале. Видеото од претепувањето на навивачот се појави на социјалните мрежи но набрзо беше избришан поради насилна содржина.

Препукувањата и пресметките помеѓу Чесите и Албанците траат неколку денови, а вчера во Приштина беше уапсена една навивачка на Чешка која сакала да пушти дрон на стадионот со српско знаме и натпис „Косово е Србија“, но била спречена од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот