Чеферин: Верувам дека публиката ќе може да се врати на стадионите!

фото: ffm.mk

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин изрази уверување дека гледачите ќе можат да се вратат на стадионите во блиска иднина.

Мислам дека во оваа фаза е тешко да се суди што ќе научат УЕФА и целиот свет. Сите ќе запомниме дека сме многу кревки и дека вирусот практично може да го стави светот во пауза, како и фудбалот. Сите ќе ја надминеме оваа криза и сигурен сум дека ќе бидеме посилни и помудри. Фудбалската заедница покажа не само единство и солидарност, туку и пријателство и почит – рече Чеферин.

Претходно беше објавено дека натпреварите во организација на УЕФА ќе се одржат без гледачи заради пандемијата на коронавирус. Лигата на шампионите 2019/20 ќе заврши во Португалија, додека Лигата на Европа во Германија.

Одржуваме дневен контакт и не смееме да го прекинуваме во иднина. Сигурно можеме да не се согласиме, но сè додека комуницираме и подготвени сме да жртвуваме нешто, ќе бидеме на вистинскиот пат. Како и сите други, ќе се чувствував подобро доколку има навивачи на стадионот. Но, оптимист сум и верувам дека гледачите ќе можат да се вратат на нашите натпревари во блиска иднина – додаде првиот човек на европскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот