Чеферин: Одлуката на 20 април, сите натпревари на ЕП со навивачи!

Фото: EPA/MARKKU OJALA

Претседателот на Европската фудбалска унија, Александар Чеферин, учествуваше на хуманитарен натпревар на кој се сретнаа легендите на Хрватска и Словенија за да соберат средства за помош на загрозените по земјотресот во Петриња.

Тоа беше можност за новинарите да откријат кои се моменталните настани поврзани со претстојното Европско првенство во кое ќе учествува и најдобрата македонска репрезентација.

Се очекуваше УЕФА да донесе одлука во март околу тоа дали ЕП ќе се организира според првичниот план во 12 градови или, поради условите диктирани од пандемијата на коронавирусот, ќе има некои промени.

Од различни извори пристигнуваа и различни информации, се шпекулираше дека можно е следниот континентален собир да се игра само во Русија или само во Германија или само во Англија. Но, ќе почекаме уште еден месец за финалната одлука.

– Го одредивме 20 април како краен рок. Тогаш конечната одлука ќе биде позната. Идеалното сценарио би било сè да остане како што беше првично планирано, да се игра во веќе 12 утврдени градови. Но, доколку тоа не е можно, тогаш ќе се игра во 10 или 11 земји доколку еден или повеќе градови и стадиони не ги исполнуваат бараните услови – вели првиот човек на УЕФА, Чеферин.

Воедно исто што ја интересира јавноста е дали Европското првенство ќе се одржи со навивачи на трибините:

– Имаме неколку сценарија, но единствено во што сме сигурни сега е дека нема да се игра пред празни трибини. Сите домаќини ќе мора да гарантираат можно присуство на навивачите на натпреварите – додаде Чеферин.

ЕП започнува на 11 јуни, а големото финале ќе се игра на 11 јули 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот