Чеферин: Ни понудија мито од 3,5 милијарди евра

Александар Чеферин
Првиот човек на европскиот фудбал Александар Чеферин не дозволи формирање на т.н. „Суперлига“/фото: EPA-EFE/Richard Juilliart

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин беше гостин во „ХРТ“ во таа прилика откри како успеал да се избори за рушење на европската Суперлига.

– Знаев дека морам што поагресивно да реагирам бидејќи моравме да ја откажеме Супер лигата за 48 часа или можеби тие ќе имаат некои шанси да успеат. Бев сигурен дека се бориме за правото решение. Тоа елитистичко натпреварување би значело дека најмалку 45 од 55 членки на УЕФА ќе бидат блиску до банкрот.

Овие луѓе се милијардери, сите им велат дека немаат реална слика. Знаев дека сме на работ, или ќе паднеме или ќе ја урнеме Супер лигата. Имаше сè, и закани и поддршка. Не спиев, ниту јадев, ниту пиев тие 48 часа, но се исплатеше – рече Чеферин.

Чеферин е убеден дека на никој нема да му текне да формира Суперлига или слично натпреварување.

– Кога сè се заврши, добив повик од еден од луѓето кои лобираа за Суперлигата. Ми рече дека може да ни дадат три и пол милијарди евра за да го направиме тоа натпреварување. Му кажав дека некој е луд, тој или јас. Оттогаш не се јавиле. Реално е дека сме 10 години мирни по тоа прашање – вели првиот човек на европскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот