Чеферин не размислува за враќање на руските клубови во европските натпреварувања

Фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Руските фудбалски клубови и репрезентаации подолг период се надвор од натпреварувањата на УЕФА поради ситуацијата во Украина, а сега претседателот на Чеферин најави кога би можеле да се вратат.

Во изјава за српската телевизија „Спортклуб“, Чеферин потврди дека нема да се разгледува можност за враќа на клубовите од Русија пред да заврши војната во Украина.

„Русија повторно ќе биде дел од европскиот фудбал, кога ќе заврши она што се случува во Украина“, јасен беше првиот човек на европскиот фудбал.

Европската куќа на фудбалот ја прекина и долгогодишната соработка со „Газпром“ поради истата причина.

„Тоа мораше да се случи како еден вид симболичен чин. Стотици илјади луѓе ги гледаат натпреварите и не би било вкусно да гледаат реклама на руска компанија. Жал ми е, но тоа едноставно моравме да го направиме“, изјави Чеферин.

Руските клубови се суспендирани од 28. февруари 2022 година, а истиот ден се донесе одлуката и за раскин на соработката со „Газпром“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот