Чеферин: Мора да ја спречиме Суперлигата

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин по прв пат говореше за Суперлигата која наводно сакаат да ја направат најголемите 18 европски екипи.

Суперлигата би ја сочинувале најсилните 18. најсилни екипи во Европа и тоа би претставувало натпреварување слично на НБА или Евролигата, во која нема да има испаѓање. Таа би ја заменила Лигата на шампионите, а целта на Суперлигата е заработката која ги ја оствариле екипите.

Оваа идеја не и се допаѓа на УЕФА која сака Лигата на шампионите да остане елитно клупско натпреварување.
Најпрво мора да направиме се за да не се формира Суперлигата. Не сум сигурен дали екипите сакаат Суперлигата или само оваа приказна ја форсираат поради уцени. И успеаја во тоа – изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој најави дека во скоро време ќе седне на разговори со екипите.
– Тие измени не одат на рака на малите и средните федерации. Процесот не беше добар. Екипите не знаат ништо за тоа и тоа треба да се менува во иднина – додава Чеферин.

Тој додава дека на големите екипи треба да им се каже дека и малите земји имаат влијание и дека многу добри фудбалери доаѓаат од таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот