Чедомир Јаневски нов тренер на Енозис

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, е назначен за нов тренер на кипарскиот Енозис.

Ова значи враќање на Јаневски на клупата на Енозис по речиси една деценија, тој од 2009 година па се до 2011 година го предводеше кипарскиот прволигаш кој моментно е претпоследен на табелата во првата лига.


„Енозис и бордот на директори донесоа одлука за ангажман на нашиот поранешен тренер Чедомир Јаневски, кој се враќа во нашиот тим после девет години. Му посакуваме добра соработка и добар старт, а убедени сме дека ќе нè води до многу успеси“, објави кипарскиот тим.

Освен во Енозис, Јаневски има работено и во уште еден кипарски тим, Етникос Ахна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот