Чеченскиот лидер заразен со корона: Итно префрлен во Москва

Кадиров има акутно воспаление на респираторните органи, но неговата состојба започнала брзо да се влошува.

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, наводно, е заразен со коронавирусот, пренесува порталот „Рамблер“.

Според наводите на медиумите, Кадиров се разболел пред неколку дена. Се верувало дека имал акутно воспаление на респираторните органи, но неговата состојба започнала брзо да се влошува.

Лекарите му препорачале да контактира со некој од болниците во Москва, а чеченскиот лидер наводно пристигнал со авион вчера во главниот град на Русија.

На Рамзан Кадиров веќе му е дијагностицирано оштетување на белите дробови. Сепак, постои голем сомнеж дека станува збор за ковид-19 -пренесува Рамблер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот