Чеченски тинејџери уапсени во Стразбур под сомнение дека подготвувале атентат

Француска полиција / Фото: ЕPA-EFE/JEAN-MARC LOOS FRANCE OUT / SHUTTERSTOCK OUT / NO MAGS SALES

Четворица млади луѓе на возраст од 16 до 18 години беа уапсени ова во Стразбур и Шилигхајм  од страна на Генералната дирекција за внатрешна безбедност (ДГСИ). За нив постои сомневање дека  подготвувале насилна акција, јави дописникот на МИА.

Во операцијата спроведена во раните урниски часови во Стразбур и блиските места, беа вклучени специјалните антитерористички сили, како и агентите  на Генералната дирекција за внатрешна безбедност. Осомничените беа приведени во главниот комесаријат во Стразбур под обвинение за терористичкото здружување. Тие се на возраст од 16 години, двајца на 17 и еден на 18-годишна возраст. Сите четворица се родени во Русија и припаѓаат на чеченската заедница, многу присутна во Долна Рајна. Еден од нив имал француско државјанство.

Акцијата спроведена денеска е дел од прелиминарната истрага на Националното обвинителство за борба против тероризмот (Пнат). Четворицата млади лица се сомничат дека биле вклучени во „подготовката на план за насилно дејствување”, изјави судски извор.

Извршени се претреси во домовите на осомничените. Нивните сослушувања треба да им овозможат на истражителите да дознаат повеќе за природата на нивните намери и нивните мотиви.

На 27 април веќе беше спроведена друга полициска акција во чеченската заедница во Стразбур. ДГСИ тогаш уапси шестмина мажи на возраст од 28 до 48 години во различни делови на градот, како и во Бишхајм. Уште две лица беа уапсени во Пи-де-Дом и во регионот на Париз. Овие апсења следеа по истрагата што ја отвори Пнат за престој на едно лице во Сирија и за можна мрежа што испраќа средства во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот