
Според зборовите на лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, тамошните власти почнуваат со реставрација на замок стар 1.500 години.
„Во Шаројскиот Регион видов историско-архитектурен комплекс во кој влегуваат седум кули, џамија и свод. Тоа е единствен објект кој е стар околу 1.500 години. На територијата на комплексот се преземаат мерки што ќе овозможат да се зачува и да се обнови овој споменик на културата“, напиша Кадиров на својата страница на социјалната мрежа „ВКонтакте“.
Кадиров додаде дека во моментот се врши реставрација на четири кули, а активности се одвиваат и на други делови од историскиот комплекс.
На овој начин властите сакаат да го развиваат планинскиот и културниот туризам во Чеченија.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.