Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Чеченци во Украина EPA/ ANATOLY MALTSEV EPA PHOTO/EPA/STRINGER/jt-hh

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на чеченските специјални сили „Ахмат“ во областа Курск, изјавил дека руските војници ставиле под своја контрола околу десет населени места во тој регион, кој граничи со североисточна Украина.

„Ситуацијата овде е добра и успешна , нашите единици тргнаа во офанзива. Вкупно се ослободени десетина населени места во областа Курск“, изјавил Алаудинов.

руски тенк EPA-EFE/NIKOLETTA STOYANOVA

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека украинските сили „ постојано се истиснуваат“ од регионот Курск.

„Ќе бидат целосно избркани од руска територија , нема сомнеж за тоа“, изјави Лавров за РИА Новости.

 

Украина засега не ги демантира руските тврдења  за почетокот на руската контраофанзива, но западните воени аналитичари, врз основа на гео-лоцирани слики и визуелни докази, потврдија дека руските трупи во Курската област започнале со  операции и дека  во моментов имаат воена иницијатива во Курската област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот