Чавушоглу: Турција очекува туристи од Русија

Министерот за надворешни работи на Турција, Метвју Чавушоглу/Фото: Профимедиа/ AFP PHOTO / TURKISH FOREIGN MINISTRY / FATIH AKTAS

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека често разговара со своите колеги од други земји, вклучително и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, за прашањата поврзани со туризмот.

– Остваривме четиристрани разговори со Германија, Франција и Велика Британија. Двапати разговаравме со министерот Лавров. Знаеме дека руските туристи едвај чекаат да дојдат во нашата земја, рече Чавушоглу на гостувањето на ТВ каналот „Дим”.

Туризмот не е важен само за Анталија или за Аланија, туку е важен и за целата земја, рече Чавушоглу.

– Се обидувам да му помогнам на Министерството за култура и туризам. Ќе ја преживееме оваа година со незначителни загуби. После тоа, ќе продолжиме да напредуваме континуирано кон нашите цели, рече министерот.

Во меѓувреме, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој во интервју за ТАСС рече дека очекува 40 отсто помалку руски туристи во Турција оваа година, како директен резултат на пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот