Чавушоглу: Турција не сака да и биде доделен посебен статус во ЕУ

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изрази несогласување со позицијата на словенечкиот претседател Борут Пахор, кој побара доделување „посебен статус” на Турција во Европската унија, јавија турските медиуми.

-Љубљана до минатата година активно ја поддржуваше идејата за прием на Турција во ЕУ. Не ја знам причината поради која таа ја промени својата позиција. Веројатно, тоа е поврзано со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, рече тој за време на 14-от Стратегиски форум на Блед.

Чавушоглу потсети дека преговорите за полноправно членство на Анкара во ЕУ почнаа во текот на 2004 година.

-Доколку Анкара не ги исполнува своите обврски кон ЕУ, тогаш прашањето за перспективите за членство во ЕУ може да биде отворено. При сите други околности дијалогот треба да продолжи, категоричен е Чавушоглу.

Словенечкиот претседател Борут Пахор за време на форумот кажа дека Западен Балкан треба да биде примен во ЕУ, додека Украина и Турција треба да добијат „посебен статус”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот