Чавушоглу: Со санкциите не ја запираме офанзивата во Сирија

Министерот за надворешни работи на Турција, Метвју Чавушоглу/Фото: Профимедиа/ AFP PHOTO / TURKISH FOREIGN MINISTRY / FATIH AKTAS

Меѓународните санкции или закани за санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата офанзива во северна Сирија, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу.

– Од меѓународната заедница, посебно од НАТО сојузниците очекуваме да нè поддржат во борбата против тероризмот – вели Чавушоглу за италијанскиот весник „Ил Масаџеро“.

Тој додава дека Турција ќе ја запре офанзивата кога сите терористи ќе заминат од тоа подрачје, а Сиријците да бидат ослободени од тиранијата на курдската народна заштита и заканите од Исламска држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот