Чавушоглу со предлог до Русија: Сирискиот модел како решение за Нагорно-Карабах

Фото: EPA/MAJA HITIJ

Судирот во Нагорно-Карабах да се реши со веќе „испробан метод”, односно по примерот на сирискиот модел, е предлогот што турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу го посочил на Русија. Разговорот на оваа тема бил одржан со рускиот претседател и со министерот за надворешни работи, Владимир Путин и Сергеј Лавров.

Според Чавушоглу, би било добро ако веднаш се започне со заедничка работа по тоа прашање, исто како што Москва и Анкара делувале во Сирија.

– Овој судир досега не е решен ниту на билатерално, ниту на мултилатерално ниво. Нерешеноста на судирот само ја охрабрува Ерменија, истакна шефот на турската дипломатија, додавајќи дека Азербејџан долго ја толерирал ерменската „окупација”.

Тој смета дека прашањето, исто така, може да се реши доколку Ерменија ги повлече своите трупи од територијата на Нагорно-Карабах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот