Чавушоглу се сретна со Димитров: Секогаш ја поддржуваме Македонија

Фото: МИА

Во Министерството за надворешни работи во тек е средбата на министерот за надворешни работи Никола Димитров со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Според официјалната најава, на средбата ќе се разговара за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес.

Чавушоглу неколку часа пред пристигнувањето во Скопје на неговиот твитер профил напиша дека од секогаш ја поддржувале Македонија и ќе продолжат да го прават тоа, но очекуваат конкретни чекори во однос на ФЕТО и оти тоа е важно за Анкара, но исто така и за иднината на Скопје.

Димитров и Чавушоглу претпладнево во МНР официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА. Двајцата министри ќе имаат и заедничка прес-конференција.

Министерот Чавушоглу треба да се сретне и со претседателот на Владата Зоран Заев и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот