Чавушоглу: Навистина верувам во иднината на НАТО

Имаме потреба од НАТО, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу пред новинарите во Брисел, каде пристигна за заседанието на Советот на ЕУ за надворешни работи, пренесе БТА.
-Навистина верувам во иднината на НАТО, додаде Чавушоглу.
Според него, воениот сојуз е неопходен за зачувување на заедничките вредности, мирот и стабилноста.

Турскиот министер денеска ќе им се приклучи на своите европски колеги во разгледувањето на активностите на Турција во Сирија и крај островот Кипар.

Пред еден месец ЕУ одлучи да и наметне санкции на Турција заради нејзините истражувања на резерви од гас во источното Средоземје.

Во последните неколку часа САД повторно ја предупредија Анкара дека е можно да воведе дополнителни санкции заради разместувањето руски противракетни системи на турска територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот