Чавушоглу: На ЕУ и треба ново проширување

Фото: МИА

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу на денешниот Самитот на НАТО во Букурешт изјави дека границите на Европска Унија треба да се прошират од Балканот до Грузија.

Неопходно е да започне нов процес на проширување на ЕУ. Треба да ги опфати земјите од Балканот до Грузија, да стигне до Украина и Молдавија, наведе Чавушоглу.

Според него, „овој регион не може да биде комплетен без учество на Турција”.

Ќе продолжиме да бидеме играч во центарот на конфликтниот регион, осигурувајќи ја неговата безбедност и стабилност. Успесите на Турција се успеси и на Европа. Загубата не е наш избор, изјави Чавушоглу.

Според него, конфликтот во Украина ја покажува потребата од реформатирање на безбедносната архитектура во Европа.

Турција официјално ги почна преговори за членство во ЕУ во октомври 2005 година. Меѓутоа, во пракса, преговорите се замрзнати веќе неколку години поради незадоволителниот напредок на земјата, вклучително и односот кон миграцијата, односите со соседните земји, чистката што ја презема власта по обидот за државен удар во 2016 година и друго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот